Македонија

Облачно и ветровито време со снег на планините, сообраќајот по наместа влажни коловози

Изутринава времето е претежно облачно и ветровито. Помалку облачност има на југоисток. На планините на запад има врнежи од снег (Маврово и Крушево), а утринава на повеќе повисоки места врнежите преминаа од дожд во слаб снег, и тоа во Охрид, Битола, Прилеп. Дожд врне во Претор и Струмица. Продолжува да дува умерен северен ветер, кој повремено се засилува, особено на северот и на повисоките места.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози во западните делови, додека на останатите патни правци коловозите се суви.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно и постудено со повремен локален снеr, особено на запад и претежно претпладне. Во централните делови ќе има услови за слаб дожд. Температурата преку денот ќе биде од 2 до 10 степени.

Под влијание на многу студена воздушна маса од север, од утре до петок следува период на променливо облачно, значително постудено и ветровито време со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони

На почеток