Лавина затрупа две лица во австриската покраина Салцбург во близина на Обертауерн, едно од најголемите скијачки центри во земјата, јавија австриските медиуми.
Сè се случило во попладневните часови.
Во тек е операција за пребарување во која учествуваат спасувачи, а се користат и хеликоптер и кучиња трагачи, се додава во извештајот.
Лавините на Алпите одземаат околу 100 животи секоја година, покажуваат податоците на Европската служба за предупредување за лавини.
