Свет

Девојка од Флорида се преправала дека е тинејџерка, па заведувала и силувала деца

Девојка од Флорида се преправала дека е тинејџерка, па заведувала и силувала деца

Алиса Ен Сингер (22) од Флорида се преправала дека е домашно школувана и на тој начин се допишувала со деца на возраст од 12 до 15 години кои ги заведувала и силувала. Полицијата објави дека таа 30 пати спиела со најмалку еден малолетен ученик.

dobivaj vesti na viber

Стравуваат дека се уште има многу жртви кои се плашат да проговорат јавно.

„Вознемирувачки е. Имаме предатор кој експлоатира деца. Страшно. Ги покануваме сите што беа нејзини жртви да излезат, ќе ги заштитиме и ќе се погрижиме никогаш повеќе да не им наштети“, објави началникот на полицијата во Тампа, Ли Беркоу.

Таа била уапсена додека крадела од продавница.

Полицијата извести дека Алиса се преправала дека е домашно школувана за да стекне контакт со ученици на кои им испраќала експлицитни фотографии и видеа, главно преку Snapchat.

Учениците од гимназијата им рекле на инспекторите дека немале поим дека се допишуваат со 22-годишната девојка. Алиса спиела со барем еден од нив кој на полицијата и раскажал како се започнало со преписката на Снепчет. Потоа се запознале и имале врска.

Подоцна му признала дека не е единствениот ученик со кој спиела.

Полицијата ја фатила како краде во продавница, а претходно била следена.

Кога ја уапсиле, таа на полицијата и рекла дека нема никаква врска со заведување ученици и дека има полусестра на иста возраст која изгледа исто како неа.

Таа беше обвинета за малтретирање деца и ослободена со кауција од 75.000 долари.

На почеток