Лидерската средба засега не е откажана – ќе се држи во Собранието
Нема најви за одложување на лидерската средба во Собранието. Ова го потврдуваат парламентарниот дом за медиумите.
„Лидерската средба е организирана од Владата, претседателот Џафери потврди присуство. Немаме најава за одложување. Ако имаме ќе Ве информираме. Но за побрз одговор, обратете се и до Владата“, велат од Собранието
Агендата за овој настан ја подготвува Владата. Досега, дека нема да присуствува на настанот, објави пратеникот Димитар Апасиев, кој е лидер на Левица.
Истовремено, јавноста, по грозоморното убиство на Вања – бара тродневна жалост и одложување на сите настани.
Досега, ниту една институција не одложија ниту еден настан од предвидените и закажаните.