Македонија

Мицкоски пред лидерската: Техничката влада и уставните измени не се предмет на оваа средба

Мицкоски пред лидерската: Техничката влада и уставните измени не се предмет на оваа средба

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред денешната лидерска средба кажа дека партијата останува на истите позиции.

„Денеска треба да се одржи состанок на кој што очекувам да се разговара за тоа што беше претходно најавувано од Ковачевски. Денеска е тежок ден за Македонија, за сите нас. За мене претставува тежок момент, посебно сум разочаран и згрозен од прес-конференцијата на оние двајца луѓе, на која не слушнавме ниту еден конкретен доказ. Мое сочувство до семејствата на трагично-загубените човечки животи“, кажа Мицкоски.

Немаме други позиции освен оние во јавноста кажани. Јас побарав лидерска во формат во кој тие ќе го изберат, правеа обиди за политички гимнастики повеќе недели за на крај да завршиме на таква средба. За неколку месеци од денеска ќе дојде крај и ќе има одговорност, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој кажа дека уставни измени нема да има додека не се види јасно поместување на асимилаторската политика на Бугарија кон македонската заедница таму. Како што изјави техничката влада, ниту уставните измени не се предмет на денешната средба.

„Јас не се шегувам со тоа што го кажувам, уставни измени нема да име додека немаме јасен европски пат и додека не видиме јасно поместување на хегемонистичките и асимилаторски политики на нашиот источен сосед кон македонската заедница во Бугарија. Јас тврдам дека за неколку месеци од денеска многумина политичари ќе бидат минато. Техничката влада не е предмет на оваа средба, туку датум на парламентарните и претседателските избори“, додаде Мицкоски.

На лидерската средба пристигнаа и премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, но тие не дадоа изјави за новинарите.

На почеток