Македонија

И Кочо Анѓушев на црната листа на САД

Американскиот Стејт Департмент денеска го прогласи поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев за непожелна личност во САД.

Според соопштението, тој е ставен на црна листа поради негово учество во значителна корупција.

Од Стејт Департментот велат дека како вицепремиер Анѓушев ја злоупотребил својата позиција за корист на своите приватни бизнис интереси, поткопувајќи ја довербата на македонската јавност во владините институции.

„Денешниот потег демонстрира дека САД стојат покрај оние во Северна Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери“, се вели во соопштението.

Стејт Департментот, исто така, им забрани влез во САД и на неговата сопруга Елизабета и на децата Ангел и Огнен.

To Top