Свет

Автобус во Германија удрил во плуг за чистење снег и излетал од патот, едно дете загина

Автобус во Германија удрил во плуг за чистење снег и излетал од патот, едно дете загина

Десетгодишен ученик загина, а 13 лица се повредени, од кои неколку потешко, во сообраќајна незгода во  Саксонија во близина на границата со Чешка, кога автобусот излета од патот.

dobivaj vesti na viber

Како што информираа од полицијата во Сехматал на Ерзгебирге на истокот на Германија, до несреќата дошло кога автобус со ученици удрил во плуг за снег, по што возачот на автобусот изгубил контрола над возилото и излетал од патот, по што  удрил во дрво.

На лице место загина 10-годишен ученик, а 13 лица се повредени. Возачот на автобусот и еден човек се тешко повредени. На децата од автобусот покрај лекарска помош им била укажана и психолошка помош. Според полицијата, патот по кој се движел автобусот е делумно покриен со мраз.

Јужните и југоисточните делови на Германија веќе неколку дена се зафатени од екстремни зимски услови со ниски температури и обилни снежни врнежи. Поради снегот и мразот, отежнат е железничкиот и авиосообраќајот, а аеродромот во Минхен привремено ги прекина сите летови поради замрзнатиот дожд.

На почеток