Македонија

Најдени два пиштоли при претресите за убиството на Вања

Два пиштоли се најдени на територија на Скопје, во рамки на предистрага за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Пронајдовме еден пиштол денеска, односно два“, кажа Спасовски, па прашан дали е информиран кој имал контакт со оружјето, кажа дека се испитува.

На прашање дали станува збор за секта, тој кажа дека се истражува и тоа.

„Дека станува збор за луѓе кои не можат да се наречат луѓе, тоа е факт. Се утврдува се останато“, додаде Спасовски.

На почеток