Свет

На плоштад во Киев светна новогодишната елка, Божиќ ќе се слави на 25 декември

На плоштад во Киев светна новогодишната елка, Божиќ ќе се слави на 25 декември

Толпа луѓе се собраа на еден од најомилените плоштади во Киев за да ја видат главната новогодишна елка во Украина осветлена за Свети Никола според новиот календар со кој Божиќ се слави на 25 декември.

dobivaj vesti na viber

Со оглед дека нивната војска е вклучена во 21-месечна војна против Русија, ова е првпат многу Украинци да го одбележат празникот според новиот календар – одобрен од главната православна црква во земјата за да се дистанцира од практиката во Русија.

„И во овие тешки времиња имаме можност да дојдеме да го видиме нашето божиќно дрвце во центарот на нашиот главен град“, изјави 29-годишната Олесија Пољарош.

„Можеби не за да славиме, туку да го почувствуваме божиќниот дух и покрај се, за да го одбележиме во нашата земја“, додаде таа.

Повеќето Украинци се православни христијани, а главната црква во земјата се согласи на почетокот на оваа година да отстапи од јулијанскиот календар – кој го слави Божиќ на 7 јануари.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, симболично ги запали светилките на дрвото, велејќи дека тоа е финансирано од приватни донации за да се овозможи доделување на јавни пари за војската.

На почеток