Свет

15-годишно девојче со нож го нападнало нејзиниот другар во училиште во Перт

15-годишно девојче со нож го нападнало нејзиниот другар во училиште во Перт

15-годишно девојче е обвинето дека со нож изболо 16-годишно момче во средното училиште Карин во Перт, Австралија. Оваа информација стигна откако осмоодделенката Алина А.(14) утрово отворила оган во училиштето во Брјанско и ја убила Марија Н, ранила уште неколку момчиња, а потоа се самоубила.

dobivaj vesti na viber

Службите за итни случаи пристигнале на местото на настанот околу 10 часот по австралиско време, јавува „9news“.

Тинејџерот со полесни повреди бил пренесен во болницата Ројал Перт.

Во болница била примена и девојката и добила соодветна нега.

Полицијата по настанот соопшти дека нема закана за други ученици.

„Нема закана ниту за училиштето, ниту за пошироката заедница, ситуацијата е под контрола“, информираат од полицијата.

Директорот на училиштето ги контактирал родителите преку писмо во кое наведува дека „полицијата брзо реагирала и дека нема причина за загриженост“.

На почеток