Македонија

Џафери ќе биде технички премиер – одлуката е конечна

Министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи на својот Фејсбук профил потврди дека актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери ќе биде првиот премиер Албанец.

„Состанок на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (Тетово 8.12.2023):

Политички случувања во државата
Подготовки за избори
Внатрепартиски избори
Разно
Одлуки:
Одлука за учество на претседателски и парламентарни избори
Премиер на Владата на Северна Македонија од 28 јануари ќе биде актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери.
За шеф на Централниот изборен штаб за изборите 2024 година е избран Фатмир Бесими.
Се овластува претседателот на Партијата да ги продолжи разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори.“, напиша Османи.

На почеток