Скопје

(Видео) Маж тепа луѓе по улици во Скопје по случаен избор, сведоштва кружат дека тоа го прави постојано

Непознато лице напаѓа граѓани кои случајно ќе ги затекне во Ченто. Вознемирувачка снимка, беше споделена и со редакцијата на „Скопје1“. Од неа се гледа како непознатото лице удира повозрасен човек, па потоа го турка. Објавено е и сведоштво, во кое се тврди дека мета на истото лице биле и други граѓани.

„На 7.12 2023г. во 14:30ч.бевме нападнати јас и мојата колешка пред аптеката Зегин, на пазарчето во Ченто. Откако лицето неразбирливо се обраќаше кон нас (очигледно психолошки нестабилно) влеговме во автомобилот и тогаш почна со боксови да мава во стаклото со цел да го скрши и да ме удри. Среќа што се заклучивме од внатре па не успеа да отвори врата. Во меѓувреме од пазарот сите само посматраа без некој да помогне иако истиот тој човек бил познат за нив и цел ден ги малтретирал. Му реков дека ќе викнам полиција и извадив телефон и тогаш тој избега. Истиот тој денес (07.12) на автобуската станица кај паркчето М.А.Ченто одеднаш физички нападна човек што чекаше автобус. Се обидов да го следам за да знам кого и каде да пријавам во полиција но не видов дали се качи во 55-ка или 65в бидејќи се изгуби во гужвата.
Внимавајте не бира кого напаѓа“, стои во сведоштвото.

Со сведоштво се јавија и други граѓани кои биле негова мета.

„Утре ќе биде пријавен и од моја страна и мене ме нападна, никој не заслужува да има трауми и да се плаши за неговата безбедност додека си ги извршува секојдневните обврски. За ваквите пациенти има соодветни институции кои овозможуваат лек и престој!“, стои во коментарите.

Неофицијално, напаѓачот живее во Стајковци, а се вика Љупчо. И досега бил пријавуван, но и натаму е на слобода и никој не води сметка за неговите постапки.

На почеток