Скопје

Апсења во салата „Борис Трајковски“ каде имаше концерт: меѓу приведените и млади луѓе од Мексико и Косово

Вчера во спортски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници привеле 9 лица поради дрога.

„Кај И.К.(41) од Скопје, Н.Ј.(29) од Пробиштип, П.В.(26) од Битола, С.Г.(31) од Скопје, Н.К. од Косово, Г.Г.Р.(31) од Мексико, Д.М.(23) од Скопје, Ф.П.(30) од Скопје и Н.И.(22) од Куманово биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и грутчеста материја“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На почеток