Скопје

Дете прегазено во Аеродром – итно пренесено во болница, полицијата на терен

Малолетно девојче прегазено во скопски Аеродром, пренесено е во болница

Малолетно девојче е удрено вечерва од возило на булевар „Србија“, кај бензинската станица „Лукоил“, во Општина Аеродром.

Девојчето е пренесено во болница, а екипи на МВР вршат увид на местото на несреќата.

Од МВР информираат дека увидот уште не е завршен и дека дополнителни информации ќе има по негово завршување.

На почеток