Спорт

Клоп бара засилување во одбраната, мета е дефанзивец на Волфсбург

Клоп бара засилување во одбраната, мета е дефанзивец на Волфсбург

Фудбалскиот клуб Ливерпул ќе донесе засилување во зимскиот преоден рок поради повредата на Жоел Матип.

dobivaj vesti na viber

Стоперот ја заработи најтешката повреда, ги скина предните вкрстени лигаменти и оваа сезона за него е завршена, па Ливерпул ќе се обиде да донесе адекватна замена.

Наводно, желба на Јирген Клоп е дефанзивецот на Волфсбург, Максен Лакроа.

Станува збор за 23-годишен Французин, кој во летото 2020 година од Сошо пристигна во Волфсбург за пет милиони евра.

Висок е 190 сантиметри, исклучително е силен, но и брз и е по вкусот на Јирген Клоп.

Тој има договор до јуни 2025 година, а се верува дека за негов трансфер се доволни околу 30 милиони евра.

Во Ливерпул се свесни дека не можат да останат само со Ван Дајк и Конате, а Гомез во ротацијата со овие двајца не е најдобро решение.

Макфакс

To Top