Македонија

(Видео) Четириесетина камери по трасите низ кои е носена убиената Вања – колку од нив искористи МВР?

Истражните органи ги открија почетната и крајната точка од каде Вања е киднапирана, однесена и убиена. „Скопје1“ возеше низ тие траси, за да се види – колку точно камери можеле да го снимат движењето на возилото „рено канго“, но и на „цитроенот“ во кој според истрагата, била ставена Вања.

Преку Дебар Маало, на „Илинденска“, па Качанички пат (Јадранска магистрала), па улица „1“ во Визбегово, Оризари, до Глуво. Над 40 камери – дел се од „Безбеден град“, останатите од приватни објекти. Останува отворено прашањето – дали биле прегледани во понеделникот кога исчезна или денови подоцна.

Камерите се речиси на секој чекор во првите километри. Ги има и по споредните улици низ кои поминувале киднаперите и убијците, заедно со Вања.

Повеќе во видео-сторијата.

На почеток