Коментари

Има нешто одвратно и гадно и ниско во препукувањата чиј бил Палчо, прашува Божиновски

Убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски стана тема за препукување меѓу политичките партии, но и граѓаните. Со денови, името на осомничениот за организација и реализација на убиствата, Љупчо Палевски-Палчо се поврзува со лица блиски до СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Токму ова беше причина за реакција на Божидар Божиновски.

„Има нешто одвратно и гадно и ниско во препукувањата за Палчо, чиј бил и следствено на тоа сите други се ко него.
Бил член на СДСМ? Бил, факт. Не сите 150-200.000 члена на СДСМ се ко него. Бил близок до ВМРО? Можно е, не сите 150-200.000 члена се ко него. Бил на протести? Бил. Не сите се палчовци.

Се продавал ко верник? Македонија според статистика е една од земјите со најмногу верници, 96% од населението. 96% од населението не се палчовци. Таков психопат е толериран од властите, за да може толкава “кариера” да има и од СДСМ и од ВМРО. Од некои кои имаат моќ таму“, напиша Божиновски.

Претходно:

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања за убиецот на Вања

На почеток