Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Се токми ли Спасовски за претседател: Тоа не се отворени теми, ниту теми за јавност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Ниту демантира, ниту потврдува – вака министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски се постави, кога доби прашања за неговата кандидатура за претседател на државата. На истата прес-конференција двапати беше прашан. Првиот пат одмавна со рацете и рече: „Благодарам“. Кога прашањето беше повторено, тој отворено кажа дека не сака да зборува на таа тема.

„Тоа не се теми отворени, ниту теми за јавност, за тука. Тоа се партиски работи за кои кога ќе дојде моментот ќе го кажам својот став“, рече Спасовски.

— реклама —

Борбата во СДСМ за кандидат за шеф на државата продолжува. Никој од политичарите чии имиња циркулираат во јавноста како кандидати, не сака ниту да потврди, ниту да демантира. Сите посочуваат дека тоа ќе се знае откако партијата ќе одучи.

Сличен пристап имаше и актуелниот претседател, Стево Пендаровски. Тој пред месец кажа дека не исклучува можност да биде повторно кандидат, но дека нема дефинитивна одлука од негова страна.

— реклама —

— реклама —
Foto-3

Пендаровски се дообјаснува: Не е момент во овие траорни времиња да зборуваме за втор мандат, ќе се произнесам кога ќе дојде време

Претседателот Стево Пендаровски вечера со нова изјава за тоа дали влегува повторно во претседателската трка. Еве го дообјаснувањето на Пендаровски на прашањето дали размислува за втор мандат.„Прашањето на вашата колешка беше дали размислувам за втор мандат. Јас реков дека не размислувам и право да ви кажам не знам кој нормален човек, граѓанин на нашава Македонија или политичар најмалку, би можел во вакви траорни времиња низ кои поминуваме да размислува за власт, за избори, за мандати. Изборите с

Македонија | пред 2 години

„Скопје1“ пишуваше на оваа тема.

Untitled-1

Николоски, Милошоски, Силјановска - Во ВМРО-ДПМНЕ многу претенденти, анкети и желби за претседателски кандидат

Дваесет и две имиња се влезени во партискиот барабан на ВМРО-ДПМНЕ за кој партијата уверува дека се добри кандидати, кои сигурно ќе го победат убедливо фаворитот на СДСМ со 100.000 гласови во првиот круг. Позвучно е името на пратеничката Гордана Силјановска Давкова која на претходните избори ги измери силите и со мала разлика загуби од актуелниот претседател Стево Пендаровски. Таа не крие дека и овој пат размислува да се соочи со кандидатот на СДСМ, но за ова има и многу дилеми.Многумина изненад

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr1du171d13bdcYIVBNc

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Вреди сите да се бориме за Европа како наш заеднички дом

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library2lc5783s4rig05MHgus

Сиљановска-Давкова: Повторно сме пред историски испит во ова време-невреме

Македонија | пред 1 ден

siljanovska-filipce

Сиљановска-Давкова до Филипче: „Никогаш не сум паднала на испит“

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryaqhsemj5l5gr4cKUcuq

Сиљановска-Давкова за наводите за шпионажа: „Малку сум збунета од објавите на обвинителството“

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања