Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера имаше краток, но интензивен разговор со човекот кој се заканува дека ќе ги блокира европските аспирации на Украина.
Имено, вчера украинскиот претседател се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан на инаугурацијата на новиот аргентински претседател, а видеото од разговорот се прошири на социјалните мрежи.
Орбан, гласно се спротивставува на напредокот на барањето на Киев за влез во ЕУ.
„На маргините на инаугурацијата разговарав со унгарскиот премиер Орбан директно. Јасно е дека разговаравме за нашите европски прашања“, рече Зеленски.