Свет

Моравјецки не доби доверба во парламентот, Доналд Туск номиниран за нов премиер на Полска

Моравјецки не доби доверба во парламентот, Доналд Туск номиниран за нов премиер на Полска

На конзервативната влада на Матеуш Моравјецки и’ беше изгласана недоверба во полскиот парламент, со што е отворен патот за коалицијата предводена од Доналд Туск да ја преземе функцијата оваа недела.

dobivaj vesti na viber

Доналд Туск и официјално е номиниран за следен премиер на Полска, а со ова гласање недоверба се става крај на осумгодишното владеење на Партијата на правото и правдата.

Гласањето доаѓа речиси два месеци по изборите во Полска, кога партијата на Моравјецки освои најмногу гласови, но ниту една голема партија не сакаше да коалицира со неа. Сепак, полскиот претседател Анджеј Дуда му ја даде првата шанса на Моравјецки да формира влада.

На почеток