Скопје

(Фото) Шилегов се пофали дека од Скопје правел Лондон во зима

Ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и замери на градоначалничката Данела Арсовска што од украси во градот, има само светилки по приватни објекти. Тој се пофали дека во негово време, Скопје личел на Лондон.

„Ретко ги коментирам состојбите во Скопје, иако многу често и тоа како имам што да кажам. Но, после повеќе од 1.000 примени пораки, едноставно, морам да прокоментирам.

На фотографијава е Скопје 2019/20. Споредено со Лондон. Темнината што сега не опкружува, на свој начин, сепак е наш, личен избор….П.С. За прославите и Винтерленд во некоја друга прилика…“, напиша Шилегов.

На сметка на Арсовска има и низа критики од граѓаните.

На почеток