Најмалку 6 луѓе го загубија животот, а околу 30 се повредени во верижен судир на автопатот Белград – Ниш, во близина на Јагодина.
Причина за оваа голема несреќа најверојатно е густата магла поради која видливоста била намалена на околу 10 метри.
Како што е наведено во соопштението од српското министерство за внатрешни работи, околу 7 часот и 20 минути дошло до судир, во двете насоки на автопатот, во сударот биле вклучени повеќе возила и според претходните информации кои биле објавени, животот го загубиле шест лица.
„Се движев од правец на Ниш со нормална брзина. Имаше голема магла и ништо не се гледаше. Почнав веднаш да кочам до камионот пред мене, застанав и излегов. Автомобилите веќе почнаа да се удираат“, сведочеше за РТС еден од возачите.
Помеѓу повредените има и странци, а спасувачите успеале да ги извлечат од автомобилите сите лица кои биле заробени во своите возила. Дел од поврдените се пренесени во болницата во Јагодина, а дел се однесени во околните болници. Двете насоки од автопатот се блокирани и се формирани километарски колони од возила, а блокирани биле, како што пишуваат спрските медиуми и околните сообраќајници бидејќи сообраќајот се пренасочувал по други улици.