Владејачката партија на Азербејџан го предложи актуелниот претседател на државата Илхам Алиев (62) за кандидат на вонредните претседателски избори закажани за 7 февруари 2024 година, изјави денеска Таир Будагов, заменик-претседател на партијата Јани Азербејџан.
„Актуелниот претседател Илхам Алиев ќе биде наш кандидат на претстојните вонредни избори“, изјави тој пред новинарите, пренесува „ТАСС“.
Предвремените претседателски избори во Азербејџан ќе се одржат на 7 февруари следната година, се наведува во указот што на 7 декември го потпиша претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.
Претседателските избори требаше да се одржат во октомври 2025 година.
Според азербејџанското законодавство, претседателот на републиката се избира за мандат од седум години. Претходните претседателски избори во Азербејџан се одржаа во април 2018 година.