Свет

Наставниците во училиште кај Париз штрајкуваат: Тепачките, смртните закани и заканите со силување стануваат вообичаени меѓу учениците

Наставниците во училиште кај Париз штрајкуваат: Тепачките, смртните закани и заканите со силување стануваат вообичаени меѓу учениците

Наставниците во париско училиште почнаа штрајк, оти сметаат дека безбедноста е нарушена.

dobivaj vesti na viber

Како што наведоа, причината е тоа што се плашат за своите животи откако ученици од муслиманска вероисповед и нивните родители го изразиле своето незадоволство од наставничката која на децата им покажала ренесансна слика на која се прикажани голи делови од женско тело за време на часот по ликовно.

Откако двајца професори неодамна беа убиени во Франција, вработените во средното училиште западно од Париз, се загрижени дека и тие би можеле да бидат нападнати, објави Тајмс.

Во училиштето во Ису, наставник по француски јазик покажа слика од Џузепе Цезари од 1603 година, „Дијана и Актеон“, на час по уметност за ученици од 12 и 13 години. Неколку ученици ги свртеа главите од сликата, велејќи дека нивната религија забранува такви дела. Потоа се појавија лажни гласини дека наставникот дал расистички забелешки.

Во тоа училиште дисциплината се влошува, а меѓу учениците се случуваат вообичаени тепачки, смртни закани и закани со силување, јавуваат француските медиуми.

Наставник беше избоден со нож во октомври на училишното игралиште во северниот француски град Арас, а во 2020 година наставник по граѓански науки беше избоден и обезглавен поради карикатура од пророкот Мухамед на час за слобода на говор.

На почеток