Шпанската полиција објави снимка од запленувањето на 7,5 тони кокаин од Јужна Америка, кој бил скриен во замрзната туна која требало да биде дистрибуирана низ Европа.
На неверојатната снимка се гледа огромно количество пакувања на кои пишува „Љубов“.
Дрогата е запленета во северозападното пристаниште Виго.
Во акцијата се уапсени и 20 лица припадници на две организации од Балканот, што, како што се наведува, е „голем удар“ за една од најсилните дистрибутивни мрежи во Европа, пренесува Ројтерс.