Свет

(Видео) Пратеник доби срцев удар на говорница: се обраќаше и падна пред сите

(Видео) Пратеник доби срцев удар на говорница: се обраќаше и падна пред сите

Членот на партијата Фелисити (Саадет), Хасан Битмез, падна во близина на говорницата во турскиот парламент, додека се обраќаше пред Големото собрание на турското национално собрание за време на расправата за буџетот.

dobivaj vesti na viber

Пратеникот претходно се закани дека сите политичари ќе бидат казнети од Господ за „теророт на Израел врз Палестинците“, а потоа и самиот падна на земја.

„Нема да го избегнете гневот на Алах“, рече Битмез (54) неколку моменти пред да се онесвести и изгледаше како да ја удри главата на подот, веднаш кон него притрчаа толпа присутни да интервенираат и да му пружат прва помош.

На почеток