Македонија

Палчо за вчера планирал прослави, а доби турски зандани

На еден датум, Љупчо Палевски-Палчо планирал две прослави. Едната по повод неговиот роденден кога наполни 59 години, а втората за првиот роденден на партијата „Десна“. 12 декември е тој датум. Планот не се реализираше, бидејќи Љупчо Палевски-Палчо доби статус на осомничен за планирање и реализација на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Истовремено, тројца негови сопартијци се гонат за помагање при киднапирањето и убиството, а еден за помош при негово бегство.

„’Десна к’оја се подготвува да прослави прва годишнина на 12 Декември оваа година, јасно става до знаење дека треба и мора да се преуреди законот за користење на симболи и знамиња на начин што не само местото, туку ќе ја уреди и количината на нивно користење, секако и димензиите на сите знамиња кои се употребуваат во државава“, стои во една од објавите на партијата, објавена на 29 ноември, два дена откако беше убиена Вања.

Наместо прослава, Палчо, 12 декември го дочека во турски занадани. Исто како и сопартијците Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Стефан Димковски – кои се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка. За сите заедно, Обвинителството тврди дека има и материјални докази кои покажуваат и докажуваат како ги киднапирале Вања и Панче за подоцна да ги убијат. За Димковски, Обвинителството е децидно дека му помогнал на Палчо при бегството.

Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор кој ќе му трае 40 дена, додека останатите обвинети во 30-дневен притвор.

[Профили] Сите имаат деца и се познаваат со Палчо – кои се осомничените за убиството на Вања

Љупчо Палевски од бизнисмен и политичар до контроверзна личност и ладнокрвен убиец на 14-годишната Вања

Сите моменти од истрагата за убиствата на Вања и Панче, можете да ги проследите тука.

На почеток