Израелската армија (ИДФ) почна да пумпа морска вода во комплексот тунели на Хамас во Појасот Газа, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на неименувани извори.
Според американскиот весник, процесот на испумпување на морската вода најверојатно ќе трае со недели.
Некои претставници на американската администрација рекоа дека процесот може да помогне да се уништат тунелите во кои палестинската милитантна група наводно крие заложници, борци и муниција.
Another method by the IDF to bury terrorists in their tunnels.
חיים גוזלי pic.twitter.com/OctHGIsm2r
— Mossad Commentary (@MOSSADil) December 12, 2023
Други официјални лица изразија загриженост дека тоа може да ги загрози резервите на чиста вода во Газа.
Засега ИДФ и израелското Министерство не реагираа на пишувањето на американскиот весник.