Скопје

(Видео) Маж со превртен велосипед врз него најден во скопски Стопански двор – беспомошно лежел, Брза помош го однесе во болница

Возрасен маж со велосипед е најден паднат на земја во Стопански двор, во близина на исклучокот за кон обиколницата. Велосипедот беше превртен над него, а тој заглавен. Непознато е дали во него удрило возило кое избегало или тој сам се превртел.

На местото застанаа повеќе автомобили, а на помош излегоа и локални жители. Лицето беспомошно лежеше и не можеше да се мрдне. За брзо пристигна и Брза помош, која го имобилизираше и со возило го однесе во болница. Очевидци на настанот посочуваат дека лицето било контактибилно во моментот кога истрчале да му помогнат.

Итно беше повикана Брза помош која дојде по кратко време од сообраќајната несреќа. Повредениот е пренесен во болница.

„Скопје1“ побара детали од МВР за тоа дали несреќата е пријавена, како и кои се деталите што им се познати.

На почеток