Скопје загадено, граѓаните се гушат

Од
Објавено на

Енормна загаденост на воздухот во Скопје регистрираат мерните станици во градот. На ранг листите кои ги прават странски веб-сервиси, главниот град на Македонија е на седмото место во светски размери, кога во прашање е загаденоста.
Индексот на загадувањето е 165, а најприсутни се опасните честички ПМ2,5 со концентрација 82,1 микрограм на кубен метар воздух. Со индекс од 162 главниот град се најде во друштво на градови како Мумбај и Калкута во Индија, Кувајт, Карачи во Пакистан или пак Ташкент во Узбекистан.
Загаденоста на Скопје е проблем кој се провлекува секоја година, а за кој ниту една власт не најде решение иако сите ветуваа.
