Свет

Путин: Најверојатно Американците го разнесоа гасоводот „Северен тек“

Путин: Најверојатно Американците го разнесоа гасоводот „Северен тек“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека САД најверојатно го разнеле рускиот гасовод „Северен тек“.

dobivaj vesti na viber

„Фактот што Европа не добива доволно гас е нивен проблем. Колку и да изгледа чудно, тие се обидоа да не обвинат што не продадовме ништо. Ова е целосна глупост, бидејќи не го затворивме гасоводот Јамал-Европа во Полска, не го затворивме вториот крак од гасоводот низ Украина. Украина го направи тоа. Ние не го кренавме во воздух „Северен тек 1“ и делумно „Северен тек 2“. Тоа веројатно го направија Американците или некој го направи по нивен предлог“, изјави Путин на годишната конференција, пренесува Спутник.

Експлозиите на двата руски гасоводи „Северен Тек 1“ и „Северен Тек 2“ се случија на 26 септември 2022 година.

Германија, Данска и Шведска не ја отфрлија можноста дека била цел на саботажа, а руското обвинителство покрена постапка за чинот „меѓународен тероризам“.

На почеток