Свет

Орбан блокираше 50 милијарди евра помош за Украина

Орбан блокираше 50 милијарди евра помош за Украина

Унгарија блокираше 50 милијарди евра помош од ЕУ за Украинa, неколку часа откако беше постигнат договорот за почеток на преговорите за членство.

dobivaj vesti na viber

„Резиме на ноќната смена: вето на дополнителни пари за Украина“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан по разговорите доцна синоќа во Брисел.

Лидерите на ЕУ рекоа дека преговорите за помош ќе продолжат на почетокот на следната година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави одлуката на ЕУ за преговорите за членство како „победа“.

Коментирајќи го противењето на Орбан за финансиската помош за Украина, холандскиот премиер Марк Руте рече: „Имаме уште малку време, Украина нема да остане без пари во следните неколку недели“.

„Се договоривме со 26 земји“, додаде тој.

„Виктор Орбан сè уште не може да го направи тоа. Сосема сум уверен дека можеме да постигнеме договор на почетокот на следната година. Размислуваме за крајот на јануари“.

 

На почеток