Македонија

(Фото) Ни траг ни глас веќе една недела: Исчезна млад струмичанец, јавно се бара помош

Ни трага ни глас веќе една недела нема од 29-годишниот Марко Давчев од Струмица. На страницата „Струмица денес“ се споделува апелот од неговото семејство доколку имате било каква информација да пријавете во полиција.

Неговото изчезнување во полиција било пријавено на 9 декември годинава.

На 09.12.2023 година во Полициската станица Струмица Т.Д.(64) од Струмица пријави дека од нивниот дом се оддалечил неговиот син М.Д. (29), кој бил со нарушено здравје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, стои во билтенот на МВР.

На почеток