Агелер го искоментира ставот на Заев со кој го бранеше Анѓушев
Во гостување на радио „Канал 77“, американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, кажа дека со поранешниот премиер Зоран Заев разговарала многу, но не во последно време и дека неговиот настап и заземање за својот пријател Кочо Анѓушев, кој неодамна беше ставен на американската црна листа, е негов став и дека тој има право да го прави тоа. Амбасадорката велид ека тоа еисто како и со именувањето на Орце Камчев и неговите организации, она што тие го виделе е дека често, кога се работи за овие означувања, како и за корупцијата, тоа со кои луѓе работите може да влијае на вашето семејство, па оттаму, апсолутно поранешниот премиер Заев има свое право да каже се што сака за неговиот пријател.
„Со поранешниот премиер сум разговарала многу, иако не во последно време. Тој настапи и се зазема за свој пријател и секако има право да го стори тоа“, рече амбасадорката Агелер.
Таа додаде: „Ние немаме улога на орган на прогонот во земјава, но се надеваме дека информациите што сме ги собрале, најголемиот дел од нив се собрани овде, дека ќе има луѓе во органите на прогонот и правосудството што ќе работат на тие случаи, и ќе ги повикаат таквите лица на одговорност за нивните постапки. За нешта за кои сме покажале со докази дека претставуваат криминал, организиран криминал, активности во областа на финансискиот криминал и корупција“.