Македонија

(Видео) Зимска идила, но и проблеми низ патните правци во Македонија: паднато дрво кај „Ѓавато“

На сите превои има снежни наноси. Екипи на Македонијапат ги расчистуваат, но се појавуваат и одрони, како и паднати дрвја. На преминот „Ѓавато“ кон Битола, се јавува дека на патот има паднато дрво, кое го блокира патот.

Возењето низ Стража кон Кичево и Охрид (како и обратно) е невозможен без зимска опрема. Силни снежни наноси има на овој патен правец од рано утринава.

АМСМ известува:

ВОВЕДЕНА ЗАБРАНА:
Oд 10:00 часот воведена е забрана за движење на сите видови моторни возила на патен правец Берово – Беровско Езеро, поради обилни врнежи снег.

Од 10:30 часот воведена е забрана за движење на сите видови моторни возила на патен правец Тетово – Попова Шапка, односно на потегот од с.Лисец кон Попова Шапка.

ЗАБРАНИ ЗА ТТВ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци: Двориште – Струмица; Берово – Струмица и Крива Паланка – Деве Баир.

УКИНАТИ ЗАБРАНИ ЗА ТТВ: Од 05:00 ч. забраната за движење на ТМВ на патниот правец Гостивар – Стража е укината.
СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Слаби врнежи од снег има во Битола, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Буково, Ѓавато, Прилеп, Охрид, Крушево и Пресека. Појаки врнежи од снег има на Попова Шапка, Плетвар и Берово.

На почеток