Свет

Путин: Америка е сопственик на НАТО, вештачки создава проблеми

Путин: Америка е сопственик на НАТО, вештачки создава проблеми

Русија нема проблеми со земјите од НАТО, тие се оние кои вештачки создаваат проблеми, тие не сакаат конкурент како Руската Федерација, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за телевизијата „Русија 1“, тој рече дека САД се сопственик на таа воена организација.

Според него, изјавите на американскиот претседател Џо Бајден за можен руски напад врз земјите од НАТО се целосна глупост и бесмислица.

„Тоа е целосна глупост и сигурен сум дека претседателот Бајден го разбира тоа. Тоа е само маневар за оправдување на неговата погрешна политика кон Русија“,  додаде Путин.

Рускиот лидер повтори дека Западот сака да ја уништи Русија по распадот на СССР и додаде дека на почетокот на 2000-тите имал „наивна идеја за тоа како Западот се однесува кон Русија“.

„И покрај фактот што работев скоро 20 години во безбедносните агенции и советската контраразузнавачка служба, сепак имав наивна претстава за тоа како целиот свет, а пред се односот на Западот кон Русија. Сега со апсолутно убедување велам дека таканаречениот цивилизиран свет треба да разбере што се случи со Русија и дека веќе нема никаква идеолошка основа за конфронтација“,  рече Путин.

Според рускиот лидер, на западните земји не им треба земја голема како Русија и веруваат дека, согласно предлогот на познатиот американски политичар Збигњев Бжежински, најдобро би било да се подели на пет дела кои би можеле да бидат подредени и отворени за Западот за слободно користење на сите расположливи ресурси.

На почеток