Во текот на изминатот ден (13.02.2019 година) од преземените мерки и активности констатирано е дека 14 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 18 возачи од кои: седум возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, седум возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четири возачи затоа што биле возачи-почетници.
Исто така исклучени од сообраќај се и 14 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, шест поради неправилно престројување, двајца поради неправилно престигнување, седум поради непоседување пропишана зимска опрема, пет поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 11 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците санкционирани се 11 пешаци поради поминување коловоз вон ешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 99 мандатни платни налози и 92 возила се подигнати со специјално возило пајак.