Минатиот месец манекенката Адријана Лима се појави на премиерата на продолжението на филмот „Hunger Games“, а нејзиното појавување предизвика многу негативни коментари.
Сега, во интервју за Harper’s Bazaar Arabia, таа призна дека била шокирана од нејзиниот изглед на фотографиите.
Во неодамнешното интервју за Harper’s Bazaar Arabia, Адријана директно се осврна на целото внимание и коментари за нејзиниот изглед, велејќи дека критиките „воопшто не и пречеле“.
„Јас сум многу силна во таа смисла, и искрено, се погледнав себеси пред да излезам и се чувствував одлично. Бев со моите деца и тие ме погледнаа и ми рекоа: ‘Мамо! Изгледаш прекрасно!’“, изјави таа. .
Estetik yaptırdığı iddia edilen Adriana Lima’nın son hali. pic.twitter.com/8nLhy4945y
— DarkWeb Haber (@Darkwebhaber) November 15, 2023
Манекенката подоцна призна дека била шокирана кога првпат ги видела фотографиите:
„Ми се чинеше како ‘тоа не сум јас.’ Сè беше чудно бидејќи јас не се гледам себеси така. Се уште не се гледам себеси така“.
Сепак, таа рече дека целата возбуда околу нејзиниот изглед не е толку значајна работа: „Не бев навредена или нешто друго – се смеев“.
„Поентата е во тоа што јас немам 16 години. Почнав да се занимавам со манекенство на 16 години, но никогаш повеќе нема да имам 16 години. Имам 42 години и сум најсреќна што некогаш сум била. Најсреќна сум со себе“, додаде Лима.
На крајот рече дека ги прифаќа годините и дека нема да се менува за никого.