Свет

Исчезна двегодишно девојче во Германија; Полицијата: Ситуацијата е опасна, температурите се ниски

Исчезна двегодишно девојче  во Германија; Полицијата: Ситуацијата е опасна, температурите се ниски

Скоро 200 луѓе синоќа трагале по исчезнато двегодишно девојче во германскиот град Бинген, пренесува „Билд“.

dobivaj vesti na viber

Од полицијата потврдија дека девојчето се уште не е пронајдено. Портпаролот на полицијата изјавил дека ова е многу опасна ситуација за детето, поради екстремно ниските температури.

Тој објасни дека е неопходна брза интервенција.

Беше започната опсежна потрага во која учествуваа полицијата, пожарникарите и техничките служби. Бидејќи реката Лаучер тече блиску до куќата на исчезнатото девојче, пристигнаа и нуркачи. Користени се четири дронови, хеликоптер и кучиња трагачи.

Полицијата соопшти дека потрагата била отежната поради густата магла и ниските температури.

Големата потрага беше прекината околу полноќ, но операцијата продолжи во текот на ноќта во помал обем, велат надлежните. Допрва треба да се реши натамошниот тек на операцијата. Полицијата засега не дава никакви информации за позадината на исчезнувањето на девојчето.

На почеток