Македонија

Мерката за зголемување на платитите на вработените во приватните компании, отвора можност за покачување на платите од 3.000 до 9.000 денари, велат од СДСМ

СДСМ: Повеќе за сите работници, мерка за зголемување на платите и во приватниот сектор

Мерката за зголемување на платитите на вработените во приватните компании, отвора можност за покачување на платите од 3.000 до 9.000 денари, велат од СДСМ.

Според оваа партија, работодавачот ќе плаќа само персонален данок, а има целосно ослободување од придонесите за пензиско и здравствено осигурување за делот на зголемувањето на платата.

„Оваа мерка можат да ја користат вработени кои примиле плата во висина до 1,5 просечни плати во последните три месеци.

СДСМ на дело покажа дека го цени и вреднува трудот на работниците.

Просечната плата од 2016 година досега е зголемена за над 250 евра, од 360 на 614 евра.

Минималната плата, во времето на ДПМНЕ беше 9.000 денари, сега изнесува 20.175 денари“.

СДСМ, како што дополнуваат, обезбедува повеќе за сите работници и има повеќе за сите.

На почеток