Свет

Хорор кај Младеновац: момчето го спречило очувот да ја убие мајка си

Хорор кај Младеновац: момчето го спречило очувот да ја убие мајка си

Полицијата во Младеновац го уапсила С.П. (49) поради семејно насилство, недозволено поседување дрога и оружје.

dobivaj vesti na viber

За три кривични дела му е одредена мерка притвор до 30 дена.

Инспекторите во неговата куќа пронашле дрога, пиштол и пушка, за кои немал дозвола.

Полицијата пред седум дена повикала жена која тврдела дека „нејзиниот зет и се заканува дека ќе и ја убие ќерката и дека насилството се одвива пред очите на нејзиниот малолетен внук“.

„Синот на жртвата беше сведок на грозоморното насилство. Успеал да дојде до телефонот и да се јави на баба му и да побара помош. Рече дека очувот им се заканува дека ќе ги убие и дека телефонот и го земал на мајка му“, пишува Телеграф.

С.П. бил на распит и поради сериозноста на делата неофицијално е приведен.

Осомничениот не ја повредил сопругата или нејзиниот син.

На почеток