Свет

(Видео) Вучиќ ден по изборите: „Важно е да продолжиме да се грижиме за луѓето“

(Видео) Вучиќ ден по изборите: „Важно е да продолжиме да се грижиме за луѓето“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на „Инстаграм“ се огласи и им се заблагодари на сите за поддршката на вчерашните избори.

dobivaj vesti na viber

„Важно е да продолжиме да се грижиме за луѓето, да работиме уште понапорно, уште посилно за нашиот народ. Народот е нашата сила, благодарам на сите, Србија не смее да запре!“,  напиша тој на „Инстаграм“.

Републиканската изборната комисија ја потврди победата на Српската напредна партија на предвремените парламентарни избори со 46,84 отсто гласа (1.667.801), а опозициската проевропска коалиција „Србија против насилството“ освои 23,38 отсто.

Од запишаните 6.500.666 гласачи, гласале 58,84 отсто, а околу 2,7 отсто има неважечки ливчиња.

Изборниот праг од три проценти го поминаа и Социјалистичката партија на Србија (6,59 %), национално-конзервативната коалиција „Надеж за Србија“ (5,02), а изненадувањето на годинешните избори – неодамна формираната политичка групација „Ние – гласот на народот – Бранимир Несторовиќ“ со 4,68 отсто од гласовите. Сите други листи не го поминаа изборниот праг не сметајќи ги малцинските партии. Така, меѓу другите, надвор од парламентот ќе бидат и Народната партија на Вук Јеремиќ, коалицијата предводена од Социјалдемократската партија на Борис Тадиќ и радикалите (СРС) на Воислав Шешељ.

На почеток