Македонија

Митева: Во животот секој сам избира дали ќе ја игра улогата на жртва или улогата на борец, министерке Петровска, се гледаме на суд

Митева: Во животот секој сам избира дали ќе ја игра улогата на жртва или улогата на борец, министерке Петровска, се гледаме на суд

Во животот, секој сам избира дали ќе ја игра улогата на жртва или улогата на борец. Јас како жена избирам да се борам! Министерке Петровска, се гледаме на суд, вели портпаролката и член на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дегутантна е состојбата кога Славјанка Петровска популарноста ја бара преку вакви потези наместо преку работата за која ја плаќаат граѓаните, така што им препорачувам на СДС и на Славјанка Петровска, кои политички го изгубија тлото под нозете, да не се надеваат дека затскривајќи се зад Законот за граѓанската одговорност за навреда и клевета ќе нѐ дефокусираат или исплашат. Одговори баравме и ќе бараме, иако тие избираат да молчат“, вели Митева.

Според Митева, Славјанка треба да знае дека образованието на личноста секогаш се провлекува низ работата.

„Сепак, во духот на коректноста што како човек ја имам ѝ препорачувам на Славјанка да си го провери правниот тим кој ја советува на вакви правни небулози“, додава Митева.

На почеток