Свет

Папата одобри давање благослов на истополови парови, освен во еден случај

Папата одобри давање благослов на истополови парови, освен во еден случај

Папата Франциско официјално ги овласти свештениците да им даваат благослов на истополовите парови, инсистирајќи на тоа дека луѓето кои бараат Божја љубов и милост не треба да бидат подложени на „исцрпна морална анализа“, пишува АП.

dobivaj vesti na viber

Ватикан денеска објави, со историска одлука одобрена од папата Франциско, дека римокатоличките свештеници ќе можат да вршат обреди на благослов за истополовите парови, под услов обредите да не бидат дел од редовните католички ритуали или литургија. Во документ на ватиканската управа за доктрина се наведува дека таквите благослови нема да ги озаконат неправилните ситуации, туку би биле знак дека Бог ги прифаќа сите луѓе.

Свештениците ќе го разгледаат секој случај посебно и „не треба да ја спречуваат или забрануваат отвореноста на Црквата за луѓето во каква било ситуација во која тие би можеле да побараат помош од Бог преку едноставен благослов“, се наведува. Папата ја навести оваа промена уште во октомври.

Но, документот на осум страници објавен во понеделникот, насловен „За пасторалното значење на благословите“, наведува конкретни ситуации. Еден дел од него има поднаслов „Благослов на парови во неправилни ситуации и истополови парови“.

На почеток