Магазин

(Видео) Вештачката интелигенција му помогна на Цеки за спотот за новиот хит „Цепај сине”

(Видео) Вештачката интелигенција му помогна на Цеки за спотот за новиот хит „Цепај сине”

Кантаваторот Зоран Рудан – Цеки сигурно е човекот кој има напишано и посветено најмногу песни на Скопје и скопските приказни. Неговиот најнов хит „Цепај сине” е напаравен во модерен аранжман и отпеан на скопски сленг. Текстот е инспириран од истоимениот бестселер на Зоран Спасов – Sоф, книга што се наоѓа на врвот на најпродавани наслови за 2023 година.

dobivaj vesti na viber

Вокалот, инструментите, музиката, текстот и аранжманот се на Цеки, додека зад спотот е потпишан Sоф. Ова е прв видео запис во Македонија, а можеби и во светот, каде вештачката интелигенција има доминантна улога во неговото креирање.

По минатогодишниот урбан мега-хит „Џабе живиш у Скопје”, ова е втор пат една книга да биде инспирација за музичка нумера.

На почеток