Скопје

Во автомобил пронајдени куршуми – поднесена кривична пријава

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи, поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје против лицето М.Ц.(36), поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривичното дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик на РМ. Имено, на 28-и минатиот месец на улица "2ра Македонска Бригада" е сопрено возило управувано од пријавениот и при преглед кај истиот се пронајдени куршуми.

На почеток