чет. Апр 2nd, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Заев: Верувам до небо во народот, барам да застане зад мене

-Пријатели имаме огромни, оваа наша земја, заедно со граѓаните, ќе ја направиме земја за почит. Животот овде да го живееме, тоа е првата цел, не само за нас туку и за младите, порача претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на граѓанската трибина во Демир Хисар.

Тој ги повика граѓаните на референдумот да покажат пред земјите членки на НАТО и на ЕУ дека овој народ знае што е добро и дека и Демир Хисар ќе гласа За европска Македонија.

-Ги повикувам сите граѓани, ова е наша заедничка татковина и наша заедничка обврска е да водиме грижа за неа. Носев одлуки за договорот со Бугарија, Грција, едно општество за сите, застанаа зад мене Владата и Парламентот, сега барам да застане и народот. Одлуките ги носев верувајки дека огромното мнозинство граѓани ќе ги поддржи и верувам дека и цензусот ќе го постигнеме. Овој народ секогаш кога станувало збор за државата носел правилни одлуки, рече премиерот, Заев.

-Цензусот е крупна работа, 904 илјади гласачи треба да гласаат. Секој има обврска кон државата да гласа. Може да биде “за”, може “против”, но секој кој бојкотира е против државата. Верувам до небото во нашиот народ, додаде премиерот, Заев.

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД КОРОНАВИРУСОТ:

Тој посочи дека со договорот од Преспа “добивме држава што никој повеќе не ја спори, со македонски идентитет потврден од сите и македонски јазик, потврден од сите во светот”.

-Европскиот парламент ќе го користи македонскиот јазик како 26. официјален јазик, 156 илјади страници европско законодавство ќе бидат преведени и на македонски јазик. Вчера во ЕП зборував на македонски јазик, посочи претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

-Затоа, да излеземе на 30. септември и да гласаме за европски Демир Хисар и За европска Македонија, повика претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на граѓанската трибина во Демир Хисар.