Магазин

Костадиновска-Стојчевска: Следниот месец започнува адаптацијата на училиштето во Љубојно

Костадиновска-Стојчевска: Следниот месец започнува адаптацијата на училиштето во Љубојно

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска се сретна со директорката на Заводот и музеј – Битола, Мери Стојанова, со која разговараше за тековните активности поврзани со реконструкцијата и адаптацијата на старото училиште „Димитар Влахов“, во село Љубојно, во Центар за промоција на македонскиот јазик.

dobivaj vesti na viber

На средбата беа дефинирани активностите што ќе следуваат по завршувањето на тендерската постапка, која е во тек. Теренот е подготвен, кажа министерката за култура Костадиновска-Стојчевска, и следниот месец може да започне реновирањето на старото училиште.

„Успеавме проектот за старата зграда, темелот на македонскиот културен и национален идентитет, да го донесеме до фаза на изведба. Обезбедивме 32,8 милиони денари во следните две години, за целосна изградба на Центарот за промоција на македонскиот јазик“, рече министерката за култура.

Во тек е последната фаза пред започнувањето на градежните работи, а тоа е тендерот за изведувач, по чие завршување, во јануари започнуваат градежните работи. Претходно, надлежната установа, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола, ги презеде сите неопходни чекори за реализација на овој значаен проект, односно беа изработени Геодетскиот елаборат и Урбанистичко-архитектонскиот проект, потоа Идеен и Основен прокет, за кои е добиено конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културното наследство.

На почеток