Свет

Бајден: Нема сомнение дека Трамп го поддржа бунтот, сите го видовте

Бајден: Нема сомнение дека Трамп го поддржа бунтот, сите го видовте

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека нема сомнеж оти неговиот претходник Доналд Трамп го поддржал бунтот, но дека судовите треба да одлучат дали тоа го дисквалификува да се кандидира за претседател.

dobivaj vesti na viber

„Очигледно е. Видовте се. Безразлика дали 14-тиот амандман е валиден или не, ќе оставиме на судот да ја донесе таа одлука“, им рече Бајден на новинарите за време на посетата на сојузната држава Висконсин.

„Но, тој секако го поддржа бунтот. Тоа не е доведено во прашање. Воопшто. Нула. И се чини дека го повторува тоа“, рече Бајден.

Бајден реагираше на одлуката на Врховниот суд во Колорадо во вторникот, со која Трамп беше дисквалификуван да биде претседател на САД и да се кандидира за функцијата во Колорадо поради неговата улога во нападот врз Капитол од страна на неговите поддржувачи на 6 јануари 2021 година.

Како резултат на таа историска пресуда, Трамп е првиот претседателски кандидат кој се смета за неподобен за Белата куќа според ретко користениот 14-ти амандман на американскиот Устав, кој им забранува на функционерите кои биле вклучени во бунт да ја извршуваат функцијата.

Трамп рече дека ќе поднесе жалба до Врховниот суд на САД, а судот во Колорадо најави дека ќе ја одложи својата одлука најмалку до 4 јануари 2024 година, за да може да поднесе жалба.

Кампањата на Трамп ја опиша одлуката на судот како недемократска.

На почеток