Македонија

Полицијата вчера е најбарана на 112 – операторите на бројот примиле 1,772 повици

ЦУК: 1.772 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие – кон Полицијата двојно повеќе од Итната медицинска помош

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), имало вкупно 1.772 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие. „Реални“ повици биле 42,16%, а 57,84% други, што не биле за итни потреби на граѓаните.

Кон ЦУК, повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање, имало 3,76% од „реалните“. Тие повици, заедно со другите 57,84% „неитни повици“ (1.035 вкупно), биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.

Инаку, согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 60,90%, кон Итната медицинска помош 29,70%, кон пожарникарите 5,26%, а кон АМСМ 0,38% од повиците од 112 во ЦУК.

На почеток